27 граѓани го прекршиле полицискиот час, 435 санкции за неносење маска

од Nikola Popovski

27 лица не ја почитувале забраната за движење во периодот од 20.00 часот на 13.04.2021 до 05.00 часот на 14.04.2021, информираМВР.

Од таму потенцираат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, биле регистрирани 435 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Слични содржини