28-годишен фудбалер е спасен од под урнатините во Измир

од Nikola Popovski

Уште две лица биле спасени од под урнатините во Измир, Турција, кој денес го погоди силен земјотрес.

Агенцијата за управување со вонредни состојби на Турското Министерство за внатрешни работи (АФАД) соопштила дека спасувачките екипи продолжуваат со операциите за спасување и пребарување.

Меѓу спасените е и 28-годишниот аматерски фудбалер Малик Тахирлер, кој бил пренесен во болницата.

Претходно, друго лице било спасено во друга област, а спасувачките активности сè уште траат.

Најмалку 17 лица загинаа, а над 700 се повредени по земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Измир.

Претходно, гувернерот на Измир, Јавуз Селим Косгер, соопшти дека околу 70 лица биле спасени под урнатините.

Слични содржини