28-годишна Македонка е на болничко лекување по вакцинацијата со „АстраЗенека“ во Србија

од Берта Китинска

Дваесет и осум годишна девојка се лекува во болница поради тромботична реакција после примена вакцина против ковид-19 во Србија, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Кај нас има регистриран досега еден случај на девојка која што има 28 години и од вчера е на болничко лекување поради тромботична реакција кој што се поврзува со вакцината АстраЗенека. Реакцијата е по  6-7 дена откако се вакцинирала  во Србија“, кажа Филипче.

Денеска во земјава почнува масовната вакцинација со оваа вакацина, за лица над 77 години во 12 градови во земјава.

Слични содржини