28 лица ја изгубија битката со коронавирусот, најмладиот на возраст од 37 години

од Nikola Popovski

Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје Скопје, во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица.

Билансот по градови изнесува: 9 починати лица од Скопје (83г, 83г, 77г, 76г, 74г, 63г, 57г, 51г и 42г), 2 починати лица од Куманово (63г и 60г) и по едно починато лице од Велес (75г), Кратово (42г) и Кичево (42г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150.

Слични содржини