28 смртни случаи од Ковид-19, од кои 10 во периодот од 31. јануари до 7. февруари

од Nikola Popovski

Новиот ковид-извештај покажува дека 18 граѓани го загубиле животот од Ковид-19.

Црниот биланс покажува дека 5 починати лица се од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 лица од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 лица од Куманово (75г и 81г) и по едно лице од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1).

Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица  се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=28),  17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Слични содржини