3 ГОДИНИ Џорџина очекува Роналдо да ја ВЕРИ: Причината? Сите се смеат на ова!

од Vladimir Zorba

Долгогодишната девојка на славниот фудбалер, Кристијано Роналдо – Џорџина Родригез, наскоро би сакала да се омажи за Кристијано Роналдо, но доброупатени извори тврдат дека одлуката најмногу зависи од мајката на Кристијано, која не е задоволна од изборот на нејзиниот син.

Мајката на фудбалерот, Долорес Авеиро (66), наводно е пречка помеѓу него и неговата долгогодишна девојка.

Манекенката и славниот фудбалер се заедно од 2016 година и заедно ја имаат тригодишната ќерка Алана. И покрај разните гласини дека веридбата е на повидок, се чини дека двојката се уште е далеку од олтарот.

„Не зависи од мене … Но, се надевам“, рече Џорџина во најавата за претстојното шоу.

Шпанските медиуми наведуваат дека мајката на Роналдо е таа која одлучува дали Џорџина ќе го добие прстенот. Доверлив извор близок до Роналдо тврди дека Долорес не ја сака за нејзина снаа, бидејќи верува дека го „лови“ нејзиниот син за пари.

Неговите сестри Елма (48) и Лилијана Катија (44) и братот Хуго (46) наводно се согласуваат со нивната мајка и се противат на венчавката.

Се шпекулира дека Долорес била и причината за неговиот раскин со руската манекенка Ирина Шајк (35), бидејќи сметала дека Ирина не е доволно добра за Кристијано.

Ирина по раскинувањето преку менаџерот ги негираше тие тврдења.

„Таа беше блиска со неговото семејство во текот на нивната врска. Сите негативни гласини за Ирина и Роналдо во однос на семејството се неточни“, се вели во соопштението.

Од друга страна, Долорес не е јавно против Џорџина, туку спротивното. Во неодамнешното интервју за подкастот „Спортинг АДН де Леао“, беше полна со убави зборови за партнерката на Роналдо, пренесе „Мирор“.

„Да, таа е многу добра девојка. Кристијано е добар татко, но има луѓе како дадилки да му помогнат. Четири деца се многу работа. Џорџина е голема поддршка за него, без сомнение“, рече Авеиро.

Роналдо и Џорџина моментално живеат во Манчестер, со ќерката Алана и децата на Роналдо, Кристијано Џуниор (11) и близнаците Ева и Матео (4), кои ги доби преку сурогат мајка.

Она што е сигурно е дека Кристијано го цени мислењето на неговата мајка, која го воспита речиси како самохрана мајка, додека неговиот татко се бореше со зависност од алкохол.

Слични содржини