3 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ НА СЕКОЈ ПАР: Работи кои ги кажуваат апсолутно сите мажи и жени

од Stefanija Kuzmanovska

Што би рекле дека е најважно за врската? Многумина веруваат дека тоа е довербата и дека таа е столбот на секој, па и на љубовниот однос.

Сепак, дури и во врските во кои има максимална доверба, се шират некои мали лаги, кои може да се класифицираат како т.н. бели лаги.

Тие главно се изговараат за подобрување на врската или придонесуваат за „мир во куќата“.

Овие неколку лаги ги кажуваат дури и најсреќните парови.

Изгледаш одлично – Да речеме дека се подготвувате да излезете и вашиот партнер ве прашува како изгледа. Факт е дека ве прашува за тоа затоа што се грижи за вашето мислење и секако е подобро да го охрабрите со убави зборови и да потврдите дека изгледа одлично, отколку да ја намалите нивната самодоверба!

Во право си– Кога сте среде расправија, а особено ако расправијата е бесмислена и не станува збор за нешто важно, можете да ја смирите ситуацијата за „секунда“ со тоа што ќе му кажете на вашиот партнер дека е во право. На тој начин, тој ќе разбере дека вашата цел не е да го напаѓате, па напнатоста меѓу вас ќе се намали.

Добро сум – Не мора да ги криете чувствата од вашиот партнер, но факт е дека постојат ситуации кога вие самите не сте сигурни како се чувствувате. Во такви случаи, подобро е да кажете „добро сум“, барем додека не разјасните самите како се чувствувате.

Слични содржини