Бубрежното заболување ретко е придружено со симптоми, а се проценува дека речиси 90 проценти од луѓето воопшто не знаат дека ја имаат болеста и не се лекуваат додека не биде предоцна.
Луѓето на возраст над 60 години, хронични пациенти, пациенти со дијабетес тип 2, висок крвен притисок, автоимуни болести, како што е лупус, се изложени на зголемен ризик од развој на бубрежна болест.
Редовните прегледи се единствениот начин да се спречи посериозно оштетување на бубрезите.
Најраните знаци на бубрежна болест
Симптомите на болеста може да ги придружуваат првите три фази на бубрежно заболување, кои претходат на големо оштетување на бубрежната функција.
Ако забележите некој од овие симптоми, треба да посетите лекар што е можно поскоро:
1. Ноќно мокрење
Во текот на денот, поради долго стоење или седење, течноста се акумулира во зглобовите и листовите на нозете. Во текот на ноќта, оваа течност стигнува до бубрезите, кои не можат да ги филтрираат отпадните материи поради оштетување. Како резултат на тоа, некои луѓе имаат зголемена потреба за мокрење во текот на ноќта. Ако станувате неколку пати во текот на ноќта за да уринирате, побарајте лекарска помош. Важно е да се има предвид дека внесот на течности во вечерните часови може да предизвика ноќно мокрење.
2. Оток на телото
Оштетените бубрези не можат да филтрираат сол, што резултира со оток (едем) на зглобовите, стапалата и нозете, вели д-р Роберт Гринвел, шеф на нефрологија во Медицинскиот центар „Мерси“ во Балтимор. Можен е оток околу очите, особено наутро. Големи количини на протеини може да ја нарушат функцијата на бубрезите. Забележано е дека луѓето со висок крвен притисок и дијабетес тип 2, поради вишокот протеини, чувствувале болка во бубрезите. Високите нивоа на протеини се наоѓаат во храната како што се месото, рибата, пилешкото, јајцата и млечните производи.
3. Замор
Анемијата често е еден од првите знаци на бубрежна болест. Здравите бубрези го лачат хормонот еритропоетин, кој испраќа сигнал до коскената срцевина за создавање на црвени крвни зрнца. Меѓутоа, ако функцијата на бубрезите е нарушена, тие не лачат доволно еритропоетин. Сето ова резултира со намален број на црвени крвни зрнца. Анемијата е честа, според лекарите, во средниот стадиум на болеста. Пожелно е да се консултирате со лекар доколку имате симптоми на анемија како вртоглавица, слаба концентрација, бледа кожа. Лабораториските тестови на крвта го проверуваат нивото на хемоглобинот, кој е составен дел на црвените крвни зрнца.
Состојбата се лечи со одредена диета, лекови, суплементи. Во случај на дијагноза на анемија, препорачливо е да се провери работата на бубрезите, со тест кој ја одредува брзината на гломеруларна филтрација (ГФР). Едноставен тест го мери нивото на креатинин и албумин во крвта, земајќи ги предвид полот и возраста на пациентот.
Врз основа на резултатите од GFR, лекарот може да ја одреди фазата на бубрежна болест. Пониските вредности на GFR значат дека ризикот од развој на болеста е поголем.