Со наближувањето на пролетта треба да ѝ помогнеме на нашата кожа да се осветли и заздрави по лутите зимски временски услови. Студот, ветровите, ниските температури – сето тоа се одрази на нашата кожа и пролетта е моментот во кој треба да ја повратиме повторно.bd3e18526c35b610877d0638b1175c09

Со помош на специјални домашни пролетни маски ќе ѝ помогнете на кожата да ги врати сјајот, еластичноста и цврстината.

Маска со авокадо и медce5f047fe14d4c0ef07d570bda32e6e9

Оваа маска е одлична за сува, лушпеста кожа. Таа лекува секакви воспаленија, испукани и зони во кои се чувствуваат иритација и затегнување.
Измешајте добро во чаша:
½ многу зрело авокадо
2 лажици мед
½ лажичка кокосово масло
Нанесете ја крем маската на лицето и оставете да делува околу 15 минути. Потоа исплакнете со топла вода и избришете со влажна топла крпа за лице.

Антиоксиданс и антистареечка маска со папаја
aa322736c6b57ddb0fb8e59f9648a516
Папајата е исклучително корисен плод кој содржи големи количини антиоксиданси. Таа е погодна за сува, оштетена кожа, склона кон напукнување. Има силен антистареечки ефект.
Измешајте во чаша:
½ зрела папаја, излупена
½ лажичка мед
¼ лажичка сок од лимон
Направете ја маската во блендер. Нанесете на чиста кожа и оставете да делува 20 минути. Пазете ги очите. Исплакнете со млака вода и исушете го лицето.

Избелуваачка маска со јагоди и јогурт

Јагодите се едни од најдобрите даватели на природна салицилна киселина во природата. Таа има анти-инфламаторен ефект, ги смирува иритациите и габичните пупки.
Сокот од лимон, пак, има природни антибиотски својства.2b2aa1180b686a04ca1e8f1f4cd4c2b1

Измешајте во чаша:
¼ чаша пире од јагоди
2 лажици сок од лимон
1 лажица јогурт
1 лажица мед
Измешајте ги сите состојки во блендер или со миксер за да се добие мазна паста. Нанесете рамномерно по целото лице. Оставете да делува 30 минути. Откако ќе се исуши извадете ја маската со помош на топла влажна памучна крпа. Исплакнете со млака вода и исушете.

Така кожата ви е подготвена за пролетта!
Слики: istock

Слични содржини