3 тајни за убавина на Клаудија Шифeр

од desk4

Кога имаш омилена убавица секогаш сакаш да знаеш малку повеќе од останатите. Обично работите кои осознаваме, особено кога станува збор за супермодел, се поврзани со убавината.

По тој повод исклучително многу се радуваме на тајните кои убавиците како Клаудија Шифер ги споделуваат.

Ви ги претставуваме топ 3 на тајните за убавина на супермоделот.

1. Одлично формирана коса

“Јас сакам да ја носам косата пуштена, но не ми се допаѓа, кога е премногу стилизирана, затоа застанувам да ја сушаам со фен, кога е малку влажна и ја оставам да се исуши сама. Тоа го прави многу жива и не толку совршена. Покрај тоа, кога немаш производи за подршка, најдобар начин да додадеш волумен е како ја чешлаш додека си со главата надолу, а потоа да ги притиснеш краевите со преса за коса, за да го задржиш обемот. Тоа работи како магија! ”

2. Нејзината тајна за здрава коса

“Тоа не е научно докажано и не можам да го тврдам, но некои луѓе велат дека пиењето на пиво јаправи косата сјајна и силна. Мој совет е подобро да се користи регенератор за коса, но и малку пиво нема да наштети! ”

3. Потребните производи за лице

“Сè е во пилингот. Ми се допаѓа да се грижам за лицето, бидејќи ја прави кожата исклучително еластична. Тоа го правам два до три пати неделно. Ако имам потреба од повеќе љубов, нанесувам маска за лице, за да направи мојата кожа сјајна “.

Слични содржини