3 знаци од Зодијакот чие додворување се памети до крајот на животот

од Vladimir Zorba

Некои луѓе сакаат романса, некои сакаат игри, а има и хороскопски знаци кои се во состојба да „горат“ и „изгорат“ поради љубов и оние за кои се грижат. Сепак, астролозите велат дека постојат три знаци на Зодијакот кои се ненадминливи господари на додворувањето.

Астрологот Кларис Монахан вели дека ако сакате некој кој длабоко ќе ве посакува, сака и копнее по вас, не влегувајте во врска со Јарец или Водолија.

Но, ако сакате длабока, силна и „жешка“ врска, ова се три хороскопски знаци кои ќе сторат сé за вас доколку ве сметаат за достојни за нивното внимание.

Лав

Огнените лавови не се плашат да ви кажат колку се заинтересирани за вас. Лавот е знак кој точно знае што треба да каже и да стори за да ве претвори во неоформена глина во неговите раце, а потоа ќе започне да ве оформува по својат мерка.

Суперсилата на луѓето родени во овој знак е нивниот шарм, на кој е скоро невозможно да се одолее.

Шкорпија

Никој нема толку изразена еротска страна како Шкорпијата. Тие имаат „суштинска исцрпеност“ – ако не сте им интересни, тие нема ни да ве забележат, но доколку се заинтересирани за вас, тие ќе сторат се за да ве освојат.

Шкорпијата сака да ги знае вашите најдлабоки тајни, да ве запознае „во душата“, затоа што не прави ништо на половина. Ако имате среќа личност родена во знакот на Шкорпија да се заинтересира за вас, бидете подготвени. Иако има тенденција да се држи до себе, Шкорпијата воопшто не е срамежлива кога станува збор за заведување. Ако ве сака – таа ќе ве следи до крајот на светот, само ако сакате.

Риба

Додека Лавовите и Шкорпиите се поинтензивни во пристапот, луѓето родени во знакот Риби се меки и слатки. Припадниците на овој воден знак ќе ве заведат со поезија, љубовни ноти и сложени романтични акции. Тие се сонувачи, знак со кој управува Нептун и сакаат да бидат за љубени.

Но, Рибите треба да знаат дека сте заинтересирани за нив пред да почнат да ви се додворуваат. Веднаш штом ќе добијат „зелено светло“, нивниот начин на освојување ќе ве „купи“ за сите времиња.

Слични содржини