30-дневен притвор за жената која тепаше дете во игротека

од Vladimir Zorba

Полицијата ја пронајде жената која тепаше дете во игротека во скопски Аеродром.

Денеска околу 15:57 часот А.М., сопственик на угостителски објект во скопски Аеродром, пријавил дека утрово околу 11:00 часот при
проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како Н.Н. женско лице во игротеката физички малтретира дете.

Известен е и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По пријавата полицијата утврди дека станува збор за негувателка која била ангажирана да го чува детето. Лицето е приведено и известен е јавен обвинител за натамошна постапка. Подоцна и е одреден триесетдневен на дадилката.

Слични содржини