30 смртни случаи од корона, најмладиот имал само 23 години

од Nikola Popovski

Министерството за здравство соопшти дека пријавени се 30 починати лица од Ковид-19 во последните 24 часа.

Билансот по градови изнеснува: 7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г).

Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166

Слични содржини