300.000 денари од Град Скопје за олимпиецот Георгиевски

од Nikola Popovski

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје, а иницијативата ја покренал градоначалникот Петре Шилегов.

Георгиевски веќе е на пат накај скопскиот плоштад, каде ќе се одржи свечен пречек во 19:30 часот. Тој пред околу час и половина пристигна на аеродромот Скопје.

Дејан Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а ова е прв медал за нашава држава по пауза од 21 година. Со ова беше прекинат постот од 20 години без медал на ОИ, откако борачот Могамед Ибрагимов освои бронза на ЛОИ во Сиднеј во 2000 година.

Слични содржини