31-годишен скопјанец фатен со 45 килограми марихуана

од Nikola Popovski

ОЈО Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Лицето, на 20 октомври, на патот Прилеп-Градско, неовластено пренесувало 45,085 килограми марихуана помешана со тутун наменета за понатамошна продажба.

Според информациите одобвинителството, тој дрогата ја набавил во Струга и ја ставил во патни торби, па едната од нив ја ставил на задното седиште, а другите две во багажникот на автомобил Пежо 306. Движејќи се во правец кон Градско со возилото, во близина на бензинска пумпа на излезот од Прилеп, осомничениот бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници. При прегледот на возилото, полициските службеници ги пронашле патните торби со дрога и ги одзеле.

Судот на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Слични содржини