31 новозаразен со коронавирусот во Гевгелија – младите го пренесуваат вирусот на постарите

од Берта Китинска

За една недела, односно од минатиот петок до денеска, во Гевгелија има 31 новозаразен со коронавирусот. Тоа укажува дека епидемиолошката состојба е сериозна, велат од гевгелиската Општа болница.

– Високите бројки алармираат дека есенскиот бран веќе дојде и дека граѓаните треба доследно да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 без исклучок. Без разлика на возраста, апелирам до граѓаните на високоразвиена свест оти во оваа ситуација односот на повозрасните и помладите е пропорционален бидејќи загрозувањето на јавното здравје зависи подеднакво од двете страни, рече градоначалникот Сашо Поцков, коментирајќи ја актуелната здравствена состојба во Гевгелија.

Новите бројки, рече Поцков, потврдуваат дека е зголемен бројот на новозаболени лица, особено кај младата популација која го внесува вирусот дома, меѓу постарите. Тој се надева дека константното зголемување на бројот на инфицирани лица ќе ги натера младите да го променат своето однесување кон пандемијата и ќе ги применуваат заштитните мерки.

Раководителот на Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, епидемиологот Олумчев, изјави дека очекува и дополнителни рестрикции како единствен начин за да се заштити системот и јавното здравје на населението.

Директорот на болницата Митко Крџев истакна дека медицинскиот персонал е во одлична здравствена кондиција и дека има само двајца заболени кои се вработени во администрацијата на болницата.

Слични содржини