32 лица ја изгубија битката со коронавирусот, најмладиот на 35-годишна возраст

од Nikola Popovski

Министерството за здравство го објави најновниот црн биланс на смртни случаи од коронавирус. Пријавени се 32 починати лица.

Според градови, 13 починати лица се од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 починати лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 починати лица од Гостивар (83г, 74г, 68г), 2 починати лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г).

30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781

Слични содржини