68
Неколку непознати напаѓачи избодоа до смрт 34-годишен маж во парк во белградската населба Коњарник во понеделник попладне.
Според неофицијални информации од Блиц.рс, жртвата била избодена неколку пати во стомакот, а лекарите можеле само да ја констатираат смртта.
Како што јавува Kurir.rs, потрагата по сторителите е во тек, а започната е операција „Вихор“, која се прогласува при сериозни кривични дела кои бараат итна полициска реакција. Истата медиумска куќа додава дека се сомневаат дека убиството било предизвикано од расправија меѓу неколку лица.