Поранешниот министер за земјоделство во владата на Љубчо Георгиевски / 1998-2002 година / Марјан Ѓорчев е најверојатен македонски амбасадор во Република Бугарија.

gjorcev-

Ѓорчев ќе го замени сегашниот амбасадор во Софија Благоја Ханџиски чиј шестгодишен мандат завршува во месец јануари. Во моментов, Марјан Ѓорчев се занимава со сопствен бизнис и не зазема никаква јавна функција. Во 2003 година тој беше меѓу главните кандидати за лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ по повлекувањето на Љубчо Георгиевски.

Спасовски: Се тргата по фалсификаторите на лични карти, се истражува зошто АФИС системот не функционира 14 месеци

Тогаш тој загуби од сегашниот премиер и претседател на владејачката партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Самиот Георгиевски постојано признаваше дека ако не се интервенира при изборот на нов лидер во поддршка на Груевски Ѓорчев требало да победи на конгресот на партијата во Охрид во 2003 година.

4c7ab8f301ba54865c7a2b6f3f6e590d_XL

Во 2005 година Ѓорчев ја напушти ВМРО-ДПМНЕ и ја создаде Земјоделската партија која опстои само една година и во 2006-та се самораспушти и тој се врати во партијата на Никола Груевски. На локалните избори во 2009 година Ѓорчев ја освои градоначалничката функција во општина Кисела вода како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалничкото мандат му заврши во 2013 година.

Слични содржини