4 летни овошки кои го обновуваат организмот

од Stefanija Kuzmanovska

Без многу дилеми, овошјето е, покрај зеленчукот, најпосакуваната храна на трпезата во текот на летната сезона, бидејќи е богатo со антиоксиданти, витамини и минерали.

Заедно, тие ни помагаат да се ослободиме од вишокот килограми, но и токсините акумулирани во текот на зимата. Секако, како и во сè друго, потребно е да се најде вистинската мерка, бидејќи во спротивно, шеќерите што се во составот на овие намирници може да предизвикаат спротивен ефект. Едно од решенијата може да биде комбинирање на свежо овошје со бадеми, ореви или суво овошје, кое е полно со растителни влакна, протеини и маснотии кои спречуваат прекумерна апсорпција на шеќер, а исто така одржуваат ситост подолго време. Во следните редови, откријте кое свежо овошје е најдобриот избор овие месеци.

1. Лубеница за циркулација

Освежувачка и одлична за одржување на линијата, лубеницата се препорачува за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот течности и токсини. Богата е со минерали, како што е калиум, а не треба да заборавиме на витаминот Ц.

2. Праски за подобро варење

Сто грама од ова овошје има само 30 калории, а влакната го забрзуваат варењето на храната. Исто така, содржат и витамин Е, кој е важен за циркулацијата.

3. Јагоди против токсини

Полифенолите ја стимулираат работата на црниот дроб, но исто така и елиминацијата на токсините и масните наслаги. Покрај тоа, тие поволно влијаат на дигестивниот и екскреторниот систем.

4. Кајсии

Ова овошје содржи витамини од групата Б, пред сè Б2 и Б3, кои учествуваат во метаболичките процеси. Со редовно внесување, тие го потиснуваат целулитот, бидејќи содржат и витамин Ц.

Слични содржини