4 намирници кои ги бришат годините од лицето: Јадете ги за убава и мазна кожа

од Vladimir Zorba

Сигурни сме дека сте ги слушнале изреките „Ти си тоа што го јадеш“ и „Убавината доаѓа одвнатре“, а кога станува збор за нега на кожата, двете се вистинити.

Речиси секоја жена сака здрава и убава кожа, па токму поради оваа причина, нивните кабинети во бањите се полни со разни креми.

Сепак, се чини дека она што се наоѓа на чинијата одредува колку ќе биде здрава вашата кожа, повеќе од кремите во шкафот.

Исхраната за здрава и убава кожа значи, пред сè, урамнотежена храна, со витамини и минерали кои играат многу важна улога.

Со избирање на вистинската храна, како и со внесување на доволна количина течност, можете благотворно да влијаете на изгледот и здравјето на кожата.

1. Брокула

Како комплекс од витамини, минерали и каротеноиди, делува исклучително благотворно на кожата. Брокулата содржи сулфорафан, кој штити од изгореници предизвикани од прекумерно изложување на сонце.

2. Риба

Изберете риба како скуша, лосос, сардини или инуни. Лососот содржи многу омега 3 масни киселини, кои создаваат заштитна мембрана околу клетките на телото. Колку е посилна мембраната, клетките се способни да задржат повеќе вода, а кожата потоа изгледа поубава и помлада. Помалите риби богати со здрави масти и омега 3 масни киселини се исто така антиинфламаторни и и помагаат на кожата.

3. Моркови

Морковите содржат бета-каротен, кој е многу важен за добар и здрав тен, ги обновува клетките на кожата и ја штити од несаканото УВ зрачење. Морковите се богати и со витамин А и витамин Ц.

Витаминот Ц го поттикнува развојот на колаген, кој ја прави кожата поеластична, а исто така го спречува создавањето на брчки. Исхраната богата со витамин А, витамин Ц и бета каротен може да спречи појава на дамки на кожата.

4. Домат

Доматите се уште една храна која е многу добра за здравјето на кожата. Богат е со витамин Ц, ги содржи речиси сите каротеноиди, особено ликопен. Ликопенот во комбинација со бета-каротен и лутеин може да ја заштити кожата од оштетување предизвикано од прекумерно изложување на сонце.

Слични содржини