4 намирници кои го чистат телото од маснотии: По празничната трпеза добро ќе ви дојдат

од Vladimir Zorba

Празниците се време на уживање во „тешка“ и мрсна храна. Изминативе денови на трпезите доминира калорична храна – месо во различни облици, деликатеси, слатки, но и поголеми количини алкохол од вообичаеното.

Сето тоа за многумина значи и внесување на големи количини на храна, а за да се реши проблемот со наталожените масти во организмот, потребно е менито да се збогати со намирници кои ќе ги неутрализираат.

Нутриционистите тврдат дека четири намирници се од голема помош за неутрализирање на мастите од телото.

1. Лук

Оваа надалеку позната храна, поради своите лековити својства, е од голема помош за чистење на телото од масните наслаги после богат празничен оброк.

Покрај тоа што е познат како природен антибиотик поради неговите антибактериски својства, бидејќи има антиинфламаторно дејство, содржи и активни хемиски соединенија, вклучително и антиоксиданси кои го намалуваат оптоварувањето на човечките клетки.

2. Цвекло

Овие зеленчуци главно се поврзуваат со лекување на анемија, бидејќи содржат големо количество железо. Сепак, цвеклото е одличен сојузник во чистењето на телото од маснотии, бидејќи има силно антиоксидативно дејство. Состојка во цвеклото е бетаинот, кој е особено добар за здравјето на црниот дроб.

Цвеклото го регулира и дигестивниот систем, а нутриционистите препорачуваат да се јаде свеж, за од него да направите салата со рендан свеж морков, кој ќе го зачините со лимон и маслиново масло. Подеднакво делотворен е и сокот од цвекло, кој можете да го направите во соковник.

3. Зелка

Свежата зелка е позната како ризница, пред сè, на витамин Ц, но и како многу ценета диетална храна. Богата е и со витамин Е, бета-каротен, магнезиум и железо.

Се смета за храна која го поттикнува варењето и го чисти црниот дроб од токсини.

4. Брокула

Нутриционистите препорачуваат брокулата да биде вклучена во менито по празниците. Овој зелен зеленчук е богат со корисни хранливи материи со антиоксидативно дејство. Брокулата е нискокалорична храна богата со витамини Ц, А и Б6, како и со железо, калциум и магнезиум.

Некои истражувања покажаа дека брокулата го спречува таложењето на масти во црниот дроб. Овој зеленчук можете да го јадете бланширан така што ќе го попарите и ќе го прелиете со маслиново масло или ќе направите смути. Ако сакате супи од зеленчук, можете да го направите со брокула. Ќе јадете здрав, вкусен и хранлив оброк, а истовремено ќе ги неутрализирате мастите од телото.

Слични содржини