По долгиот напорен ден, најдобрата “медицина” е чаша топол смирувачки пијалок кој ќе ви помогне да се опуштите и приготвите за спиење. Веројатно сте слушнале од својата мајка или баба дека свежо млеко со цимет ќе ви помогне да се нурнете во земјата на соништата брзо и лесно.c9258ecaaa2a142d6d6a10c7ab1724fe

Но овој бабин рецепт е распространет само кај нас. Кај остатокот од светот, луѓето прибегнуваат кон други пијалоци кои ќе им помогнат да се релаксираат навечер пред спиење.

Чај од нане: Нането му помага на телото да се ослободи од стресот, го опушта нервниот систем и обезбедува длабок и долг сон. Таа е добар лек и против гадење и анксиозност.

Какао: Најпопуларниот пијалок пред спиење во светот е какаото. Дури и древните Маи консумирале истриени зрна какао и ги мешале со зачини.

Чај од камилица: Исто како и нането и оваа билка има смирувачки ефект.Препорачливо е да се пие 3 минути пред спиење.

Топол удар: Измешајте малку виски со врела вода, додадете лимон, мед и цимет и ќе добиете вистински лек против настинка. Не само што е лековито, но тоа е и многу вкусно. Ниското количество на алкохол пак ги отстранува стресот и напнатоста.

Слични содржини