412 новозаразени со корона во последните 24 часа

од Nikola Popovski

Денес се регистрирани 412 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 191.820, информира Министерството за здравство.

Билансот по градови изнесува: во Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2,Неготино, Виница, Македонски Брод , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1 .

Направени се 3.379 тестирања, а оздравени се 395 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини