45 македонски државјани загинаа откако се запали автобус во Бугарија

од Берта Китинска

Најмалку 45 лица загинаа  кога  во раните утрински часови автобус со македонски регистерски таблички се запали на автопат во западна Бугарија, соопштија властите во Бугарија.

Според информациите пламенот избувнал откако возилото удрило во заштитната ограда. Меѓу жртвите има и 12 деца, изјави министерот за внатрешни работи Бојко Рашков.

Во автобусот, кој најверојатно патувал за Истанбул, се наоѓале вкупно 53 лица. Преживеаните во несреќата се 7 – 17-годишно девојче и шест возрасни лица. Сите се државјани на Република Северна Македонија. Т

ие се пренесени во Пирогов. Од болницата велат дека нивната состојба е стабилна и дека се надвор од животна опасност. Шестмина се со изгореници, а еден пациент има повреда на ногата.

Слични содржини