5 бои кои им стојат најдобро на бринетите

од Vladimir Zorba

Русата коса може и да ја “фаќа” светлината, но бринетите имаат густина и богатство на пигментот, кои не можат да се надминат лесно.1270a83bc9833c48932302c8aa19ee01

Како да ги нагласиме токму овие предности на темната коса? Едноставно следете го нашиот водич на бои составен со најдоброто од пастелни и силните бои.

Јасно е дека и бојата на кожата е голем фактор, но да се фокусирате на боите кои одат на косата исто така е добар почеток.

Создајте контраст за да се истакнете како со облеката, така и со фризурата.

1. Дрски бои – светло розова

Ако сте од дамите кои сакаат да остават впечаток и незаборавно присуство во главите на околината и  сте бринета, тогаш светло розовите нијанси се токму за вас.

2. Темни нијанси на сино

Ова е една од боите кои стојат добро како на русокоси, така и на бринети. Традиционалната нијанса ги нагласува токму богатите бои на бринетата, без да додава остро чувство во изгледот.

3. Пастелно жолта

За разлика од блондинките кои се спојуваат со пастелни нијанси на жолтата, бринетите создаваат убав и мек контраст. Смело обложете се на оваа боја, без разлика дали сте посветла бринета или од најтемните.

4. Бело или беж

Темната коса на бринетите е голема почетна точка за контраст на чистотата кај белите бои и дури и малку темните нијанси на беж. Ако кожата ви е потемна, комбинацијата ќе е навистина многу добра.

5. Црвеното

Класичното и примамливо црвено е многу соодветно за русокоси, но стои навистина одлично и на бринети. Можете да ги изберете од најсветлите нијанси или да се обложувате на бордо за величествено емитување.

Слики: Reuters

Слични содржини