Актуелно
Почетна / Хроника / 5 лица повредени во сообраќајка на повеќе возила во Скопје

5 лица повредени во сообраќајка на повеќе возила во Скопје

Во сообраќајна незгода што се случила вчера на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улица „16-та Македонска Бригада“ и улица „Интернационални Бригади“ едно лице се здобило со тешки, а четворица со телесни повреди.

Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода учествувале товарно моторно возило, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(25) од Скопје, товарно моторно возило,„митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(27) од Велес, патничко моторно возило „дачија данкер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(44) од скопското село Грушино, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(62) од село Миладиновци, скопско и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(30) од село Брњарци, Скопско.

Во незгодата со тешки телсени повреди се здобила С.Д.(51) од Скопје, сопатник во патничкото моторно возило „фолксваген туран“, а кај четворица останати учесници во незгодата биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје

loading...