5 НАЈИНТЕЛИГЕНТНИ КУЧИЊА: Дали и вашето милениче е меѓу нив?

од Vladimir Zorba

Експертите долги години работат на истражување која раса на куче е најинтелигентна. Тие се согласија дека сите кучиња се интелигентни, но направија и листа на 5 најпаметни раси.
Дали и вашето домашно милениче е меѓу нив?

Бордер коли

Карактеристично за нив е тоа што не ја сакаат осаменоста, сакаат да работат многу и не се кучиња за во град. Тој е одлично и издржливо овчарско куче. Овие кучиња важат за најинтелигентни бидејќи можат да запомнат многу различни команди, што не случај со други кучиња.

Пудлици

Пудлиците знаат да бидат многу тврдоглави и тоа е проблем, но може лесно да се реши. Многу лесно се тренираат и паметат неверојатен број на команди. Пудлиците се вторите најпаметни кучиња во светот. Тие одлично се вклопуваат во општеството и немаат ништо против да живеат во стан.

Германски овчар

Ова куче наликува на своите предци односно волци и тие се многу убави. Луѓето ги обожаваат затоа што се послушни, храбри и интелигентни. Лесно се тренираат и добро ги паметат сите команди. Добар чувар е и многу посветен на своето семејство и чопор.

Златен ретривер

Дека златните ретривери се многу интелигентни говори и тоа што се обучени да бидат водичи за слепи и да и помагаат на полицијата во разни претреси. Карактеристично за нив е што како лабрадорите сакаат вода, полни се со љубов и обожаваат деца.

Доберман

Ако посветите многу внимание на оваа раса, тие ќе ве сакаат толку многу што не можете ни да замислите.Тие се сметаат за многу агресивни, но тоа не мора да биде правило, бидејќи се зависи од газдата како ги тренираат. Сакаат друштво и игра.

Слични содржини