5 намирници кои помагаат во согорувањето на мастите

од Vladimir Zorba

Некои намирници можат да го забрзаат вашиот метаболизам и да помогнат во согорувањето на мастите.

Нашето тело не може да функционира без масти, бидејќи тие се основен извор на енергија и есенцијални масни киселини, ги обложуваат внатрешните органи, го загреваат телото и затоа се неопходни за производство на ензими важни за одржување на виталните функции.

Сепак, незаситените масти се здрави, додека заситените масти можат да ги оштетат клетките, што резултира со многу болести како дијабетес и срцеви заболувања.

Постојат пет намирници кои успешно помагаат во побрзо согорување на мастите.

Цимет

Придобивките од циметот стануваат се повеќе познати, а некои истражувања покажале дека само една мала лажичка од овој зачин дневно го забрзува согорувањето на масните наслаги. Етеричното масло од цимет го активира метаболичкиот процес на терморегулација што согорува калории.

Покрај тоа, циметот е познат како зачин кој го намалува нивото на шеќер во крвта, што доведува до зголемено ниво на инсулин во телото, кој е одговорен за таложење на масните клетки. Идеален пијалок е лажичка цимет со лажичка мед во чаша топла вода, која можете да ја консумирате во текот на денот.

Грејпфрут

Хемиските својства на ова овошје го стимулираат метаболизмот, што помага да се исфрли вишокот течност од телото. Грејпфрутот содржи ензими кои го намалуваат нивото на инсулин и гликоза во крвта, што го забрзува согорувањето на шеќерот, ја ограничува неговата апсорпција и трансформацијата во маснотии.

Зелен чај

Зелениот чај често се нарекува „чистач“ на телото. Благодарение на неговата способност да ја стимулира оксидацијата на мастите, тој благотворно делува на спречување на таложење на масни наслаги во телото. Соединенијата кои се наоѓаат во зелениот чај, како што е антиоксидантот катехин, помагаат во процесот на согорување на масните наслаги, зголемувајќи ги ефектите на хормоните за согорување маснотии.

Бадеми

Овој плод содржи добри масти, кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта. Покрај тоа, бадемите обезбедуваат две есенцијални масни киселини – омега 3 и омега 6. Тие се одличен борец за топење на масните наслаги, а нутриционистите препорачуваат да се користат како здрава ужина.

Кокосово масло

Кокосовото масло се смета за храна која е и одличен борец кој ги топи масните наслаги. Оваа храна е богата со масти кои не се таложат во телото, црниот дроб ги согорува за да создаде енергија потребна за работата на телото.

Кокосовото масло има способност да ги согорува масните наслаги, а во исхраната се препорачуваат умерени количини кокосово масло, бидејќи има висока калориска вредност.

Слични содржини