5 прашања кои не треба да му ги поставувате на партнерот дури и кога сте во долга врска

од Vladimir Zorba

Експертите за врски и брак истакнуваат дека постојат прашања кои не треба да се поставуваат дури и кога сте во долга и стабилна врска.

Понекогаш е многу важно, доколку сакаме да имаме здраво партнерство, да го земеме предвид начинот на кој се обраќаме, но и зборовите што ги избираме во комуникацијата.

Психолозите велат дека постојат пет прашања кои дефинитивно треба да се избегнуваат кога разговарате со емотивниот партнер.

1. Дали сум подобра од неа?

Никој не сака споредби со другите, особено оние што се однесуваат на минати и сегашни љубови. Избегнувајте ситуации кога поставувате прашања – дали сум подобра од неа? На овие прашања нема лесни одговори, а нивното поставување само предизвикува проблеми и го става вашиот партнер во непријатна ситуација.

2. Дали конечно ќе …?

Доколку ве нервира немотивираноста на саканиот, голема е веројатноста дека ќе го прашате: „Дали конечно ќе ја исчистиш гаражата?“ Или нешто слично. Ова не е добар начин да го поттикнете партнерот да биде продуктивен и ефикасен. Со вакво однесување сигурно ќе започнете расправија.

3. Што е твојот проблем?

Ако на партнерот со непријатен тон му поставите директно прашање – „Што е твојот проблем?“, тоа најверојатно ќе создаде проблем меѓу вас. Поставувањето на ова прашање е понижувачко и ќе ја наведе другата личност да застане за себе. Наместо тоа, едноставно прашајте – дали се е во ред или можете ли да помогнете?

4. Прашања за поранешните девојки

Нагласената љубопитност за поранешните љубови на вашето сегашно момче може да ја прекине вашата врска. Ова не значи дека не можете да прашате ништо, но потребно е да се задржите само на површни прашања. Се што може да влијае на вашата моментална врска, ве засега и имате право да прашате, заобиколете го останатото, советуваат експертите за врски.

5. Со колку од нив си спиел досега?

Треба да се избегнуваат и прашања за бројот на интимни врски што ги имал вашиот партнер. Одговорот никогаш нема да ви се допадне, па затоа е непожелен. Навистина немате корист од таа бројка, може само да се чувствувате непријатно, затоа прескокнете го ова прашање.

Слични содржини