До 18 јануари се очекува новите и ново-старите министри да бидат на своите работните места во владата. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски минатата недела го доби мандатот за состав на свој тим кој ќе има тешка задача пред себе.

За тоа што ќе се случува со спорот со Бугарија, дали ќе имаме предвремени избори во Новата година и за други теми, „Локално“ побара од политичкиот аналитичар Марко Трошановски да ги даде своите анализи и предвидувања.

1. Спор со Бугарија

И покрај новонастанaтиот оптимизам и внесување на прагматичност во бугарскиот пристапот, освен можеби конкретни придобивки како забрзвуање на инфрструктурни проекти и економска соработка резервиран сум околу започнување на преговори со ЕУ во првата половина од 2022. Актерите на политичката сцена таму се премногу ригидни по тоа прашање и тешко да се прават компромиси особено онакви што би ја заобиколиле собраниската резолуција која за нас е крајно навредлива и неприфатлива. Треба да видиме дали бугарската опозиција која го ексалираше проблемот сега би подржала компромис како би се искупила пред евро-атланските партнери. Последните именување на поранешни разузнавачи во кабинетот на министерството за надоврешни не исклучуваат и мешање на трети злонамерни страни кои се се уште присутни во бугарскиот систем и секако во функција на дестабилизација на регионот и попречување на интегративните процеси. ЕУ од друга страна не е баш едногласна и целосно посветена на прашањето на проширување, освен во декларативните заложби. Дополнително и француското претседателство секако нема да ја повтори динамиката на словенското. Иако притисокот за раздвојување на Македонија од Албаија ќе расте, оваа пат позиција одговара на неколку скриени скептци за проширувањето во ЕУ и мислам дека нема да се случи. Првенствено затоа што ќе влијае на регионалната стабилност, а барем за неа постои консензус дека треба да се одржува.

2. Нов премиер на С.Македонија

Мислам дека комплицираната политичка ситуација за која зборувам претходно, треба да ја менаџира некој со многу поголемо политичко искуство и тежина. Сепак новиот мандатар нема компромитирачки багаж, е партиски етаблиран и солидно образовно/менаџерски поткован. Добро е што партијата вклучи членови на различни клики/ фракции за да колку толку внатрешно се консолидира. Сепак, пост изборно, СДСМ се наоѓа во прилично незавидна ситуација со владата во која нема одлучувачки збор ниту доминантна застапеност. Оттука не гледам како ќе ги придвижи процесите на ослободување на правосудството, корупцијата која речиси достигна ниво од времето на ВМРО во некои аспекти. Партиско/етничките заробувања на институциите и генерално застранувањето на државната политика кон квази консоцијален модел во кој одговорноста нема вертикала туку се распределува меѓу коалиционите партнери е дополнителен товар. Во таква ситуација ќе биде огромен предизвик новиот СДСМ да покаже дека е подобар и заслужено да ја врати изгубената подршка од сензитивните неопределени гласачи.

3. Предвремени избори

Владата е премногу фрагментирана иако навидум го зголеми своето мнозинвство. Ние немаме политичка култура на вака небалансирани коалиции со ривалски апетити кои се непропорционално задоволени во име не некакви државни интереси. Последиците од економската, здравствената и енергетската ( и ако сакате системската) криза ќе почнат да прават фрактури и може да донесат нови избори на пролет или есен.

4. Отворен Балкан

Секако ЕУ треба да остане стратешки приоритет, кон кој ќе се движиме ние зацрвснување на регионална соработка во рамки на берлински процес, Отоврен Балкан и соработка со Вишеградската група. Продлабочување на стратешкото партнерство со САД мора да за засили. Покрај воената соработка, многу важни се областите на борбата против корупција и преместување на производствените капацитети од Азија во Западен Балкан, каде Македонија треба да ги искористи своите предности. Зајакнувањето на билатералните релации со поединечни ЕУ членки кои можат да помогнат во конкретни реформски области како изборната реформа, територијална организација и правосудството, треба да е биде високо на агендата.

Се уште постојат многу непознатици за Отворен Балкан за да може да се коментира поинформирано, но секако дека мобилноста на луѓе,стоки и услуги и зголемување на економската конкутретност преку поголем пазар е добредојдена. Дополнително ништо не пречи ова усогласување да се синхронирзира со Берлинскиот процес. Со оглед на најслабата позиција на Македонија во тоа друштво, треба да внимаваме да не се претвориме во извозници на работници и земјоделски производи, додека секторите кои генерираат поголем раст и развој индустрицијата, енергетскиот и ИТ секторот го оставиме на другите земји.

5. Регионални турбуленции

Ситуацијата во Босна е многу критична и заедно со постојаните тензии помеѓу Косово и Србија, лесно може да се распали. Идната година секако нема да биде година на смирување на овие спорови кои Балканот лесно може да го вратат уште една декада назад. Иако истите најмногу служат на кариерите на одредени политичари како впрочем и бугарското вето, менаџирањето на ваквите тензии секогаш носи висок ризик да излезе од контрола.

В.З.

Слични содржини