5 работи кои треба веднаш да ги тргнете од вашиот кревет

од desk2

Телефон

Телефонот покрај креветот главно го правдате со алармот, очекување на важен разговор во утринските часови, или едноставно не можете а да не го проверите својот Фејсбук профил веднаш штом ќе ги отворите очите. Меѓутоа, ова е првото нешто што треба да го тргнете од креветот, бидејќи телефонот до вашата перница многу влијае на квалитетот на вашиот сон и може сериозно да го наруши. И најмалиот звук и вибрација влијае на вашиот сон, а вештачката светлина од вашиот телефон ја поттикнува активноста на мозокот и го спречува производството на хормонот за сон, мелатонин. Оставете го телефонот во друга просторија, со исклучен тон, поставен само на аларм. Или купете будилник.

Работа

Лаптоп, таблет, телефон или било каква документација, не им е место во креветот. Зошто ја претворате вашата спална соба во канцеларија? Околу 80% од деловните луѓе признаваат дека работат дури и во кревет, што негативно влијае на менталната асоцијација на спалната соба за спиење и одмор, а не за работа и стрес.

Домашни животни

Сопствениците на кучиња и мачки ги обожаваат своите миленици, но на нив никако не им е местото во вашиот кревет. Поради нив се будите во текот на ноќта, а нивното присуство во спалната соба и во креветот може да биде причина за алергии. Кучињата и мачките дефинитивно треба да имаат свое место за спиење, далеку од вашиот кревет.

Храна

На листата на работи кои треба да ги тргнете од креветот и спалната соба се наоѓа и храната, најмногу заради хигиенски причини.

Книги

Најизненадувачката ставка на нашата листа на работи на кои не им е место во креветот се книгите. Експертите се согласуваат дека книгите не треба да бидат увертира за сон. Ако читате некоја возбудлива и стимулативна лектира, можеби ќе сакате да останете будни, а секоја интелектуална активност пред спиење може да го наруши вашиот сон.

Слични содржини