5 работи во домот кои воопшто не ги забележувате, а се опасни за децата

од Vladimir Zorba

РОДИТЕЛИТЕ треба да се грижат за многу работи, а безбедноста на децата е најважна. Дали некогаш сте погледнале наоколу и сте се забележале дека некои работи се на дофат на љубопитните раце на вашите деца, а не сте ни свесни за нивната опасност?

Инструкторот за прва помош Џиџи Џејкоб предупреди за петте најопасни работи што се наоѓаат во секој дом и секој родител треба да знае за нив.

Чанти

Да, добро прочитавте. Често има многу опасни работи во чантте, како што се лекови, монети, парфеми, средства за дезинфекција и запалки. Чантите често се фрлаат веднаш штом ќе влеземе дома и љубопитните бебиња и деца би можеле да ѕирнат во нив. Чантите секогаш ставајте ги надвор од дофатот на децата, згора на тоа, најдобро е тие да не се на повидок.

Батерии

Батерии, особено мали како монети, се наоѓаат во далечински управувачи, часовниците, дигиталните термометри, како и во играчките.

Батериите се опасни ако се проголтаат бидејќи можат да ги задушат децата. Исто така, плунката активира електрична енергија. Консумација на батерии може да предизвика хемиска реакција, која може сериозно да го изгори хранопроводот.

Магнети

Магнети се насекаде – на огласни табли, фрижидери, ги има и во накит и се дел од играчките. Децата можат да ги проголтаат, а потоа да почувствуваат болки во стомакот и повраќање.

Пегли за коса

Пеглите за коса брзо се загреваат и се ладат долго време. Ако се остават без надзор, децата можат да изгорат.

Топли пијалаци

Најранливи се децата на возраст од 8 до 18 месеци, бидејќи тогаш се најљубопитни и сакаат да земаат предмети што не треба. Топлите пијалоци претставуваат ризик бидејќи течноста може да го изгори детето. Внимавајте да не носите топол пијалок додека го држите бебето и не оставајте го на работ од масата или работната површина.

Слични содржини