5 совети за здрави и силни бели дробови: Еден ве ослободува од стрес!

од Vladimir Zorba

Изминатите година и пол многу се зборуваше за здравјето и начинот на кој можеме да го зачуваме. Пандемијата и ситуацијата со коронавирусот не научи сите колку се важни и чувствителни белите дробови.

Здравјето на белите дробови е многу важно, особено сега.

Затоа е важно да се грижите за најважниот респираторен орган, а се што треба да направите е да ги вклучите овие пет работи во вашата рутина:

1. Редовно вежбајте

Како и кај мускулите, физичката активност е добра за здравјето на белите дробови. Нашите бели дробови се „пумпа“ и зависат од мускулите лоцирани во градите. За да бидеме силни, треба да ги одржуваме мускулите во форма. Ова не мора да се вистински вежби, почнете полека и постепено, за почеток пешачењето е одлична форма на кардиоваскуларни вежби, а за нив треба да одвоите по 20 минути секој ден.

2. Земете витамин Д.

Сите знаеме колку е важен витаминот Д за имунитетот, силните коски, но и здравјето на белите дробови. Експертите докажаа дека недостатокот на витамин Д може да предизвика дефицит во функцијата на белите дробови, па дури и да ја промени структурата.

Ако не јадете храна што го содржи, како што се мрсна риба, сирење, жолчки или не земате додатоци, размислете да го промените тоа и вклучете една од овие намирници во вашата исхрана.

3. Вежбајте дишење

Стресот може да предизвика вистински хаос во телото, а е исклучително негативен и за белите дробови. Длабокото дишење е корисно за намалување на стресот, а дијафрагмалното дишење и дишењето со стиснати усни може да помогнат во зголемување на капацитетот на белите дробови, особено по закрепнување од респираторна инфекција.

Вдишувањето и издишувањето броејќи до четири, или дишењето од стомакот, го враќа чувството на мир и го намалува чувството на стрес и анксиозност.

4. Спијте доволно

Недостатокот на сон има негативен ефект врз целиот имунолошки систем, вклучувајќи ги и белите дробови. Кога имунитетот не е силен, поподложни сме на развој на разни болести, особено на респираторни инфекции.

5. Избегнувајте нездрави навики

Последниот дел од одржувањето на вашите бели дробови силни и здрави е избегнување на работи кои се лоши за нив. Експертите тврдат дека на самиот врв на листата се цигари во која било форма. Исто така, доколку вежбате, избегнувајте места со слаб квалитет на воздух и простории кои се греат на дрва.

Слични содржини