5 трикови кои помагаат ако имате ладни стапала

од Elena Daskalova

Ниските температури може да ви донесат и психолошки стрес, покрај физичката неможност да го стоплите целото тело. Но, тоа не мора секогаш да биде така.

Ладните стапала може да бидат вистински проблем, а поголема мака создава и ако не се занимавате со никаков спорт, пушачи сте или предолго седите во текот на денот.

Ова се едноставни трикови како можете да си помогнете во вакви случаи:

Стоплете го целото тело

Топлината се ослободува преку целото тело. Може да се случи стапалата да ви се ладни ако ви студи, на пример, на главата. Затоа потрудете се екстремитетите да ви бидат секогаш покриени и затоплени.

Изолирајте ги стапалата

Ладниот под „влече“ топлина, па затоа е важно дури и кога сте дома да не одите боси или барем да носите топлинки или влечалки кога се движите. Не ги оставајте зглобовите голи, дури и ако сепак ви се чини дека нема логика да ви се ладат стапалата преку нив.

Носете чорапи од волна

Термо чорапите и оние со висок процент на волна се идеални за ладно време. Внимавајте само да не се тесни, бидејќи ако ја намалуваат циркулацијата, тогаш и екстремитетите брзо ви се ладат.

Додадете топол слој во чевлите

Засилете ја изолацијата меѓу стапалата и асфалтот со дополнителен слој топлина во чевлите и чизмите. Набавете дебели влошки за стапала, по можност од природни материјали.

Имајте резервни чорапи со вас

На дожд и снег се случува чевлите или чизмите да ви пропуштат. Во овие денови е добро да имате резервен пар чорапи и по некоја најлонска кеса, за да можете да ги исушите стапалата и да спречите мократа обувка да ве лади уште повеќе.

Слични содржини