Светот денес се врти со многу големи брзини. Тензиите и стресот нѐ тераат да стануваме со неподготвеност секое работно утро и да го почнеме денот со искривена насмевка, оптоварени од сите обврски кои нѐ чекаат во наредните часови.2e6a8eea7311cd2ea5c3f27fbe3d7e6c

Недостатокот на расположение води до демотивација и влијае силно на спроведувањето на задачите како и на психата. Затоа е убаво човек да побара начин да се наполни со енергија и тонус и да излезе од роботската рутина за да се наслади целосно на околниот свет. Понекогаш големите промени доаѓаат со мали нешта!

Еве и неколку идеи како да ги подобрите утрата и да се полните со позитивни емоции.

Спијте со полуотворени ролетни и завеси

Ова ќе му помогне на вашето тело да се разбуди на природен начин, бидејќи сончевата светлина испраќа сигнали кон него, засилувајќи го производството на мелатонин и адреналин. Пенетрацијата на малку светлина ќе ви обезбеди непречено будење без вишокот стрес со драстичното вклучување на алармот.

Поставете аларм 15 минути порано од потребното

Тоа време ви дава можност да се истегнете, прозевате и да се разсоните постепено, наместо да скокате од кревет од страв дека ќе биде доцна.

Ослободете го умот

Додека се подготвувате за работа заборавете на сите проблеми и задачи. Не носете никакви важни одлуки! Ова ќе ве исполни со напон уште по станувањето и цел ден ќе бидете нервозни и напнати како растегната пружина. Подобро почекајте неколку часа или дајте си  дури и ден пред да донесете било какво битно решение.

Слушајте музика и одвојте доволно време за себе

Ако сте ги исполниле предните неколку совети, тогаш веќе сте си заштедиле многу тензија.Пуштете си малку пријатна музика за расположение, таа ќе се наполни вашето тело и со серотонин (хормонот на среќата).

Практикувајте за половина час гимнастика

Мини тренингот не само што ќе ве разбуди, но и вашето тело ќе се преплави од енергија. Освен тоа таа ќе почне да произведува ендорфин, кој ќе го задржи доброто расположение до крајот на денот.

Слични содржини