5 видови храна поради кои мозокот работи побавно

од Elena Daskalova

Вие сте она што го јадете, а со тоа се согласува и вашиот мозок. Добро е познато дека здравата исхрана ви обезбедува енергија, подобар имунитет, а што е најважно, здрава работа на мозокот и негово зачувување.

Со правилна исхрана вие придонесувате за подобри когнитивни способности, спречувате развој на деменција, се борите против Алцхајмеровата болест и ја зачувувате меморијата.

Овојпат се осврнуваме на намирниците кои нема да ви помогнат во тој процес:

Туна

Можеби ве изненадува што туната се наоѓа на оваа листа, бидејќи таа е навистина богата со хранливи материи кои се одлични за вас, но во исто време е полна со жива, што е случај со сите морски риби. Не ги исклучувајте од исхраната, но не претерувајте со туна во каква и да е варијанта, сабјарка, скуша, месо од ајкула…

Пакувани печива

Тие се навистина практични кога патувате, но сте помислиле ли колку конзерванси и адитиви се потребни за да се одржат вкусот и мекоста. Исто така, имаат многу транс-масти, кои се директно поврзани со лошото памтење и намалувањето на когнитивните функции.

Рафиниран шеќер

Рафинираните шеќери освен што ѝ штетан на витката линија и ве изложуваат на ризик од дијабетес, влијаат и врз лошата работа на мозокот. Речиси сите индустриски десерти ги содржат во голема количина.

Црвено месо и сувомесни производи

Свежото црвено месо е богато со железо, но не треба да претерувате бидејќи премногу железо не е добро за вас. Кога се во прашање сувомесните производи, како и колбасите и виршлите, паштетите, месните нарезоци, тие се полни со натриум, конзерванси и шеќери, за кои не мора да нагласуваме дека се штетни за вас.

Топени сирења

Секое сирење, кое се произведува од остатоците од други видови млечни преработки, е богато со сол и конзерванси, кои веќе ги споменавме во претходните точки. Избегнувајте вакумирани парчиња кашкавал и популарните „зденки“, а наместо тоа купувајте што поприродни сирења и кашкавали и други млечни производи.

Слични содржини