5 знаци дека тој не е вистинскиот за вас

од Elena Daskalova

Кога започнуваме нова врска постои одреден период на „слепило“ поради еуфоријата и напливот на емоции, како и преголемата желба токму тоа да е личноста која ја баравте цел живот.

Unsplash

Токму во тој период лесно ги пропуштаме црвените знаменца, намерно или ненамерно. Но, по некое време почнуваат навистина да пречат и вам ви станува јасно дека нештата не се толку розови и расцутени како што ви се чинеа на самиот почеток.

Ако забележите некој од следниве знаци, не ги игнорирајте, тие ви покажуваат дека сте со погрешна личност:

Инсистира да ве промени

Кога некого сакате, го сакате со неговите маани и доблести. Нормално е секој од нас да има свои лоши страни, но не е нормално ако вие самите ги имате прифатено како дел од себе, а некој друг се обидува да ве промени и да ве прилагоди на неговиот шаблон, кој го има замислено. Критиките се секогаш добредојдени, но не и ако се работи за вашето работно време, хобијата, пријателите, физичкиот изглед, фризурата…

Не го цени вашето мислење

Дури и кога носите „заеднички“ одлуки, вие всушност заедно ги прифаќате неговите. Тоа воопшто не е здраво за односот. Секако, некогаш ќе биде во право, но ќе има и такви случаи кога од самиот почеток ќе знаете дека нивниот начин е неправилниот.

Сосема различни животни навики

Спротивностите се привлекуваат, но сличностите се надополнуваат. До одреден степен разликите се толерираат, но има момент во кој треба да пресудите дали вреди да бидете со некого, ако вашите навики и желби се сосема различни и никако не се компатибилни, ниту пак се надополнуваат едни со други.

Сè му е поприоритетно од вас

Работата, нормално, е важна, бидејќи е основен извор на егзистенција и пат до живеење удобен живот. Но, иако имате целосно разбирање за неговите/нејзините обврски, знаете и дека кога се сака, може да се одвојат макар и две минути за разменување на неколку пораки. Да, тешко е да се помирите со тоа, но никој не е толку зафатен да не може да размени збор-два со личноста која ја сака.

Нема разбирање за вас

Љубовта подразбира и разбирање и поддршка, кои се многу важни нешта во една врска. Ако повеќе се правдате, отколку што и да е друго, размислете дали воопшто вреди да вложувате во таква врска.

Слични содржини