50 Cent и Eminem снимаат ТВ серија базирана на хит филмот „8 Mile“

од Vladimir Zorba

Музичарите 50 Cent (47) и Eminem (50) во Детроит го најавија својот последен проект, базиран на филмот „8 Mile“. На овој начин публиката уште подобро ќе ги запознае корените на Eminem и неговото влијание врз денешната музика.

Филмот „8 Mile“ е полуавтобиографска приказна за подемот на Eminem до славата. Тој е Џими Смит Јуниор, работник во фабрика за автомобили кој се бори за успех во кругот на андерграунд раперите, пишува „Дејли Мејл“.

Филмот освои бројни награди, од кои најзначајна беше најдобрата оригинална песна за „Lose Yourself“ на Оскарите во 2003 година.

Таму глумеа Ким Бесинџер, Мајкл Шенон и Ентони Меки, а мали улоги во проектот имаа раперите Xzibit, Proof и Obie Trice.

50 Cent се потпиша зад голем број успешни серии и глумеше во некои од нив.

Слични содржини