Педесет хемикалии кои ги прифаќаме секојдневно, можат да предизвикаат рак во одредена комбинација, предупредуваат научниците од Лондон.french_fries_source_brett_jordan_flickr_creative_commons_jan_9_2012

Ниту едно истражување досега не ја проценило опасноста од комбинацијата на неколку хемикалии. Тоа е направено од работна група од 174 научници од 28 земји, кои утврдиле поврзаност помеѓу одредени хемикалии и болеста.

Педесет од хемикалиите кои имаат незначителен ефект врз телото одделно, се сметаат за опасни, кога се комбинираат со други хемикалии. Тогаш тие предизвикуваат промени, кои можат да доведат до рак. Меѓу нив се хемикалиите триклозан, во производите за перење, фталати кои се наоѓаат во пластиката, титаниум диоксид, употребуван во креми за сончање и акриламид, кој се наоѓа во помфритот. Акумулирани во нашето тело, тие можат да се причината за глобалната епидемија од рак, која се забележува во светот, велат експертите.

Слични содржини