50 граѓани го прекршиле полицискиот час, 678 санкции за неносење маска

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека од 20.00 часот (24.04.2021) до 05.00 часот (25.04.2021) констатирано е дека 50 лица не ја почитувале забраната за движење.

„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 678 прекршоци. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19“, стои во соопштението на полицијата.

Слични содржини