500.000 долари за куќа во која никој нема да живее (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Дигиталната куќа, која се наоѓа на локација која потсетува на Марс, беше продадена за 500.000 американски долари или 288 етери, популарната криптовалута. Иако приказната можеби потсетува на продажба на многу скапа куќа од популарната игра „Симс“, сепак таа е реалност.

Куќата наречена „Марс куќа“ е дизајнирана од уметникот од Торонто, Криста Ким, со помош на архитект и софтвер за видео игри.

Новиот сопственик на 3Д дигиталната датотека ќе може да ги истражува просториите користејќи виртуелна реалност.

Според медиумите, ова е прва дигитална куќа на NFT (вид на дигитален колекционерски имот) на пазарот.

Ким ја опиша својата креација како „лесна скулптура“. Секоја соба има транспарентни sидови, затоа што кому му е потребна приватност на ненаселена планета. Надвор, има неколку „проѕирни“ столици за сончање и фаќање воздух под црвеното небо, додека веројатно носите апарат за дишење.

Купувачот сега има дигитален сертификат за сопственост заштитен со блокчејн технологија.

Слични содржини