500 МИЛИОНИ ДОЗИ ГОДИШНО: Руската вакцина ќе се произведува во 5 земји – клучен центар Куба

од Vladimir Zorba

Русија се согласи да ја произведува својата вакцина против коронавирус во пет земји, а достапните капацитети овозможуваат производство на 500 милиони дози годишно, рече директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев.

Производството на руската вакцина против Ковид може да започне на Куба во ноември, додаде Дмитријев, цитиран од Спутник.

– Куба има одличен капацитет за производство на вакцини … Размислуваме за почеток на производство на вакцини со неколку кубански компании. Веруваме дека Куба би можела да стане еден од клучните центри за производство на вакцини – рече Дмитриев за време на видео конференцијата во меѓународниот мултимедијален прес-центар на „Русија денес“.

– Веруваме дека, ако имаме добра соработка со Владата на Куба и компаниите, производството во Куба може да започне во ноември – додаде тој.

Дмитријев најави дека третата фаза од тестирањето на вакцината против короната ќе започне утре.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин објави дека во Русија е регистрирана првата вакцина во светот за превенција на Ковид-19, изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.

Слични содржини