514 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

од Берта Китинска

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 25.08.2021 до 07.00 часот денеска (26.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 514 полициски службеници, реализирани 205 мото-патроли и користени 145 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

На 25.08.2021 СВР Тетово до ОЈО Тетово поднесе известување за настанат пожар на место викано „Јасен“, во непосредна близина на воениот комплекс „Еребино“, атар на с.Палатица, кој настанал на 12.08.2021 година околу 16.05 часот, при што изгорела сува трева, грмушки, и ниско стеблеста шума. Истиот ден од страна на увидна екипа извршен е увид на лице место.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е континуирана будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Слични содржини