5713 фирми не исплатиле плата за последните два месеци

од Nikola Popovski

Во моментов со состојба од 4-ти октомври, обврзници кои немаат исплатено плата за месеците август и септември се 5713 фирми, информира денеска на прес-конференција, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Според неа, бројката на вработени кои не добиле плата е 14829 граѓани.

-До сите обврзници се доставени опомени и согласно нашиот календар на активност, денес или првиот ден после празникот ќе бидат доставени блокади. Тоа е надлежност на Управата за јавни приходи, додаде Лукаревска како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини