58 членки на ОН во декларација бараат прекин на војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

По седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации одржана синоќа, по повод шест месеци од почетокот на војната во Украина и Денот на независноста на таа земја, 58 земји усвоија заедничка изјава во која бараат итен прекин на воените дејствија „иницирани со руската инвазија на Русија“.

Меѓу оние кои ја поддржаа изјавата се земјите од Европската унија, САД, Велика Британија, Грузија, Турција, Швајцарија, како и неколку земји во Азија и Латинска Америка, пренесува ТАСС.

Текстот на документот пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк го прочита постојаниот претставник на Украина во ОН, Серхиј Кислица.

Слични содржини