59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

од Берта Китинска

Скопје денеска одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот. Во земјотресот животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени.

На 26 јули 1963 година Скопје се разбуди под урнатини. Во катастрофалниот земјотрес кој го погоди градот во 5 часот и 17 минути животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Скопје стана град на меѓународна солидарност.

Скопје денеска со повеќе активности одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот

Собраниска делегација, во состав Даниела Николова и Тони Јаревски, ќе положи венец пред Споменикот на загинатите од земјотресот на Градските гробишта Бутел. Почит ќе оддаде и владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје.

Град Скопје и јавните културни установи традиционално ќе организираат голем број настани.

Во МКЦ по повод сеќавањето на земјотресот, најавен е настан насловен „За Скопје“, во чии рамки ќе се случува поетско читање, отворање на изложбата „За Скопје, со љубов од целиот свет“, „1963: Good Night Skopje“ и музичка програма.

Во разорниот земјотрес на 26 јули 1963 година животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата. Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Слични содржини