Трите главни jaдења на ден треба да бидат заменети со шест помали порции, ако сакате да постигнете здраво слабеење, советуваат нутриционистите.HLTH58_56570327_small_meal

Тим од научници покажа дека јадењето често, но по малку е клучот за здравото симнување на килограми. Познатите личности, меѓу кои и актерката Џенифер Анистон, ја припишуваат заслугата за својата тенка фигура на редовното јадење на мали порции. Наместо три главни оброци на ден, 46-годишната Анистон наоѓа време за пет оброка и малку спорт секој ден.

Ново истражување спроведено од научници од универзитетите во Калифорнија и Ново Мексико, покажа дека пристапот на актерката е вистинскиот за намалување на телесната тежина на здрав начин. Тие објаснија дека честото јадење ја намалува веројатноста да губите телесна маса без масти.

Слични содржини