6 начини да избегнете чести главоболки: Повеќето луѓе ја прават истата грешка секој ден

од Vladimir Zorba

Главоболките можат да бидат многу исцрпувачки, особено кога се појавуваат секој ден. Причините се различни, вклучувајќи стрес и дехидрација, но дали главоболките можат да се избегнат?

Д-р Ерим Чодри, директор на платформата за здравје Manual, дава потврден одговор на ова прашање и објаснува дека главоболките најчесто се предизвикани од хемиската активност која се одвива во нашиот мозок.

– Нервите, крвните садови, како и мускулите на главата и вратот можат да играат улога во појавата на главоболки – вели д-р Чодри.

– Вообичаени причини за главоболка се емоционален стрес, инфекции, треска, настинки и дехидрација. За среќа, постојат неколку начини на кои можете да ги ублажите, па дури и да ги спречите главоболките.

1. Не прескокнувајте оброци

Прескокнувањето оброци може да доведе до пад на нивото на шеќер во крвта. Посебно е важно да се јаде наутро, бидејќи организмот поминал најмалку осум часа без храна и му треба „гориво“ за претстојните дневни обврски. За жал, сведоци сме дека повеќето луѓе го прескокнуваат појадокот поради брзање и обврски.

– Како одговор на ова, телото ослободува хормон кој му сигнализира на мозокот дека сте гладни, а хормоните можат да влијаат на зголемување на крвниот притисок и стеснување на крвните садови, што пак може да резултира со главоболки – објаснува д-р Чодри.

2. Подобро држење на телото

Седењето во погрешна положба или долгото лежење на каучот може да предизвика главоболки.

– Напнатоста во горниот дел од грбот, вратот и рамената може да иницира главоболка. Пулсирачка болка се јавува во долниот дел на черепот, а често има и силна болка во челото – вели д-р Чодри.

Ако сте принудени да го држите телото во една положба подолго време, обидете се да станувате на секои половина час и да одите неколку минути.

3. Избегнувајте предизвикувачи на главоболка

Познато е дека одредени видови храна и пијалоци можат да предизвикаат главоболка. Преработената храна која содржи нитрати, старите преварени сирења, кисела и ферментирана храна, кофеин, алкохол, чоколадо и вештачки засладувачи содржат супстанции кои можат да предизвикаат главоболка.

Д-р Чаудри потсетува дека солената преработена храна со високо ниво на натриум може да го зголеми крвниот притисок, предизвикувајќи главоболки или напади на мигрена.

4. Не избегнувајте лекови

Луѓето кои често страдаат од главоболки обично се трудат да избегнуваат да земаат аналгетици, бидејќи од една страна се надеваат дека болката ќе помине сама од себе, а од друга страна стравуваат дека би можеле да станат отпорни на лекови против болки.

– Истражувањата покажуваат дека аспиринот е добар лек против болки, како и ибупрофен. Но, бидејќи земањето на лекот „на празен стомак“ е ризично бидејќи може да предизвика иритација на желудникот, најдобро е лекот да се пие после појадок или со чаша млеко или јогурт. Доколку главоболката трае подолго, најдобро е да се консултирате со вашиот општ лекар – истакнува д-р Чодри.

5. Одмор

Има сè помалку луѓе кои читаат книги или шетаат во природа после работа – повеќето од нив слободното време го поминуваат гледајќи телевизија или гледајќи во екранот на мобилниот телефон. Но, сината светлина што ја емитуваат екраните може негативно да влијае на спиењето. И не само тоа – д-р Чодри потсетува дека очните мускули се напнати, што може да предизвика главоболки.

Од друга страна, гледањето во далечина, особено ако сте надвор, ги релаксира очните мускули, а со тоа може да спречи замор и главоболки.

6. Вежбајте на отворено

Кога сме физички активни, циркулацијата ни е подобра, телото добива повеќе кислород, а сето тоа заедно може да ја намали шансата за главоболки.

– Брзото пешачење или возење велосипед по половина час дневно може да биде од голема корист – заклучува д-р Чодри.

Слични содржини