6 намирници кои ја подобруваат циркулацијата

од Vladimir Zorba

Нормалната циркулација на крвта е еден од многу важните фактори за здрав живот. Лошиот проток на крв може да предизвика болка, грчеви во мускулите, вкочанетост, проблеми со варењето, ладни раце или стапала.

Можете да ја подобрите циркулацијата со редовно вежбање, пешачење, исфрлување на цигарите, доколку ја имате оваа штетна навика.

Иако често е потребна терапија за да се реши проблемот со циркулацијата, консумирањето одредени намирници може позитивно да влијае на циркулацијата на крвта.

1. Риба

Истражувањата велат дека рибата е храна за срцето, бидејќи одредени видови како лососот, харингата, скушата се богати со омега-3 масни киселини.

Овие здрави масти ја стимулираат циркулацијата и го намалуваат крвниот притисок. Рибата е една од намирниците што го подобрува протокот на крв и ги одржува артериите незатнати.

2. Ѓумбир

Ѓумбирот е познат по своите антибактериски, антимикробни и антисептички својства кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Тој е важен и за примарната и за периферната циркулација во телото бидејќи е еден од најдобрите природни антикоагуланси. Ја разредува крвта и го спречува создавањето на згрутчување на крвта.

Ѓумбирот можете да го додадете во јадењата како зачин или да го пиете како чај.

3. Лук

Лукот е добро познат по неговите корисни ефекти врз циркулацијата и здравјето на срцето. Истражувањата покажуваат дека алицинот, кој го содржи лукот, може да ја подобри циркулацијата и да го намали крвниот притисок.

Лукот ги ублажува затнатите артерии и ја разредува крвта и го намалува холестеролот.

4. Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи посебен вид на антиоксиданс познат како флавоноид. Го има во овошјето и растенијата и овозможува зголемен проток на крв.

Конзумирањето на темно чоколадо се препорачува во умерени количини, бидејќи секако содржат шеќер и масти кои влијаат на зголемувањето на килограмите.

Секогаш избирајте го она со поголем процент на какао.

5. Цитруси

Цитрусите се полни со витамин Ц и многу антиоксиданси. Со консумирање на овошје како што се мандарини, лимони, портокали и грејпфрут, го подобрувате здравјето на срцето и циркулацијата.

6. Јаткасти плодови

Производи како бадеми, ореви, лешници, кикиритки, ф’стаци итн. тие се богати со витамин Б3 или ниацин, што е директно поврзано со подобрување на циркулацијата на крвта во телото. Можете да ги грицкате секојдневно или да ги додавате во различни јадења.

Слични содржини